Дома Фудбал Стефан Ристовски се сели во Србија

Стефан Ристовски се сели во Србија

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кариерата ќе ја продолжи во Србија.

Според локалниот портал 3К од Нови Пазар, новиот играч на Нови Пазар ќе биде Стефан Ристовски.

Тој, како и Адем Љајиќ, минатата сезона играше за Сарајево и двајцата се очекува да бидат засилувања за клубот од Јошаница.

Во Хрватска настапуваше за Ријека, но најзначителен белег остави во Динамо Загреб, каде што со години беше еден од носителите на играта и носеше капитенската лента.

Во текот на кариерата настапуваше и за Парма, Кротоне, Фрозиноне, Латина и Спортинг од Лисабон, со 81 настап за репрезентацијата на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик сака да триумфира со Барселона во Лигата на шампионите: Тоа е нашиот сон

Неприкосновениот тим на Барселона продолжува со натпреварите во Ла Лига со домашна средба …