
Познатиот ММА борец и поранешен предизвикувач за титулата во полутешка категорија на УФЦ, Ентони Смит, беше уапсен во американската сојузна држава Небраска и сега се наоѓа во притвор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Обвиненијата со кои се соочува се многу сериозни и вклучуваат закани и семејно насилство.
Според информации што ги пренесуваат американските медиуми, 35-годишниот спортист е приведен во понеделник вечер, во 20:44 часот по локално време, и е сместен во зандана во округот Сарпи.
Смит се соочува со тешки обвиненија кои вклучуваат терористички закани, противправно лишување од слобода од прв степен и обид за семејно насилство од прв степен. Полицијата засега не открива никакви детали за околностите на инцидентот.
Според законите на Небраска, обидот за семејно насилство од прв степен се смета за тешко кривично дело. Дополнително, обвиненијата за терористички закани и противправно лишување од слобода од прв степен се категоризирани како кривични дела од класа 3А.
Ако биде прогласен за виновен, Смит може да добие до три години затвор, 18 месеци условно пуштање на слобода и парична казна до 10.000 долари за секое од наведените обвиненија.
Сослушувањето за одредување кауција и евентуалното пуштање на слобода пред почетокот на судскиот процес е закажано за среда во Казнено-поправниот центар на округот Сарпи, кога се очекуваат повеќе информации за случајот.
Да потсетиме, легендарниот “Lionheart” последен пат влезе во рингот неодамна, во април 2026 година, на настанот Gamebred BareKnuckle MMA 9.
Тогаш го порази Чејс Шерман, совладувајќи го задушување од зад грб (rear-naked choke) уште во првата рунда. Неговиот професионален ММА омил е сега 39 победи и 22 порази.