Дома Фудбал ПСЖ и Јуве во битка за јапонскиот репрезентативец

ПСЖ и Јуве во битка за јапонскиот репрезентативец

Од ПСЖ веќе водат разговори со колегите од Парма за привлекување на голманот Зион Сузуки, пренесува трансферниот специјалист Фабрицио Романо. Париските „светци“ ќе се соочат со конкуренцијата на Јувентус, кој активно е поврзан со јапонскиот репрезентативец веќе една недела. Сузуки се проценува на околу 30 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во „Паркот на принцовите“ го гледаат голманот како инвестиција во иднината, но истовремено тој би ја добил сериозната можност да се бори за првото место. Париските имаат несигурност меѓу стативите по заминувањето на Џанлуиџи Донарума минатото лето.

На негово место беше доведен Лука Шевалие, но по неколку грешки беше изваден од составот, а сезоната ја заврши Матвеј Сафонов, кој бранеше и во финалето на Лигата на шампионите.

Во меѓувреме од Јувентус се подготвени да го гарантираат првото место во тимот, откако за второ лето последователно не успеаја во обидите да го ангажираат Емилијано Мартинез од Астон Вила. „Стара дамо“ бара долгорочна замена за Микеле Ди Грегорио и Матија Перин, кои се многу несигурни и направија сериозни грешки. Не е јасно дали клубот е подготвен да плати толку сериозна сума, бидејќи на крајот не беа спремни да се разделат со двојно помала сума, што се сметаше дека е цената на Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси со сензационна понуда за уште еден ветеран

Челси подготвува уште еден сензационен трансфер. Откако стана јасно дека блиску до договор…