
ЛеБрон Џејмс веројатно е најдобриот кошаркар на сите времиња, а следната сезона ќе ја мине во тимот на Филаделфија 76ерсите.
Иако штотуку потпиша двегодишен договор со Филаделфија, се очекува дека нема да живее во градот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од Брајан Виндхорст, ЛеБрон повеќе ќе биде во Њујорк, иако ќе игра за 76ерсите.
Според @WindhorstESPN, ЛеБрон Џејмс ќе биде жител на Њујорк, додека настапува за Сиксерс.
— Evan Sidery (@esidery) July 27, 2026
Го избра секојдневно патување помеѓу Њујорк и Филаделфија, можеби и преку хеликоптер. pic.twitter.com/41EKjSYpnM
Патот од Њујорк до Филаделфија трае околу час и половина возење со автомобил, но со хеликоптер таа дистанца се совладува за помалку од 45 минути, што му овозможува да ги комбинира животот во еден, а кариерата во друг град без потешкотии.
Џејмс досегашната кариера ја круниса со четири титули од НБА лигата, две со Мајами, една со Кливленд и уште една со Лос Анџелес Лејкерс.
Во редовите на тимот од Филаделфија ќе заработува нешто над три милиони долари годишно.