Дома Фудбал Наполи ќе се обиде за Влаховиќ, ако Лукаку си замине

Наполи ќе се обиде за Влаховиќ, ако Лукаку си замине

Душан Влаховиќ сѐ уште е без клуб речиси еден месец по разделбата со Јувентус, но според информации од Италија, Наполи може да испрати понуда за српскиот репрезентативец, доколку Ромелу Лукаку го напушти „партенопеите“ ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Влаховиќ е слободен агент неколку недели, откако договорот со Јувентус истече на 30 јуни. „Бјанконерите“ направија неколку обиди да го убедат 26-годишниот напаѓач да потпише нов договор, но на крај не успеаја да постигнат договор пред конечниот рок.

Имаше претпоставки дека Влаховиќ чека трансфер во голем клуб од Премиер лигата или Ла Лига, но засега единствениот конкретен интерес за него доаѓа од Бешикташ.

Според саботните информации на „Тутоспорт“, Јувентус сѐ уште не ја затворил целосно вратата за Влаховиќ, но за да се постигне договор, ќе бидат потребни значителни компромиси од двете страни.

За Србинот може да се отвори и друга можност во Серија „А“. Причината е што Наполи веројатно ќе биде во потрага по нов централен напаѓач, особено ако се раздели со Лукаку и непотребниот Лоренцо Лука. Во случај да заминат двајцата, Расмус Хојлунд ќе остане единствената опција за „партенопеите“ на врвот на нападот.

Влаховиќ е добро познат на новиот тренер на Наполи Масимилијано Алегри, кој беше негов водич во Јувентус и се обиде да го привлече во Милан претходното лето. Спортскиот директор на Наполи Џовани Мана ги имал првите разговори со таткото-агент на српскиот репрезентативец на почетокот на јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови „експлозии“ во Мадрид – Реал има договор со три големи ѕвезди!

По две сезони без трофеи, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да направ…