Дома Фудбал Паника во Аргентина: Дали Меси го одигра последниот натпревар за репрезентацијата (Видео0

Паника во Аргентина: Дали Меси го одигра последниот натпревар за репрезентацијата (Видео0

Спортската јавност во Аргентина, особено оние љубители на фудбалот, овие денови имаат само една загриженост. Што ќе се случи со Лионел Меси и неговата улога во репрезентацијата?

Во интервју за Sport Daily, неговиот соиграч Леандро Паредес го изрази своето мислење дека Меси веќе ја донел одлуката околу иднината на неговото репрезентативно ангажирање.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во видеото кое се појави на платформата X, Паредес потврди дека остатокот од тимот посакува Меси да продолжи, но исто така рака на срце го почитуваат неговото право на выбор.

Коментарите на Паредес сугерираат дека осумкратниот носител на Златната топка веќе ги има дефинирано своите намери.

“Мислам дека тој веќе направи својот избор. Се надевам дека тоа не е случај и дека ќе продолжи да игра, но одлуката е негова. Што и да го прави среќен, ќе нè радува и нас”, изјави Паредес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moдриќ по една сезона го менува бројот во Милан?

Лука Модриќ од наредната сезона би можел да го носи бројот 10 во Милан, но само ако Рафаел…