Дома Моторспорт Хамилтон верува дека може да ја освои осмата титула во болидот на Ферари

Хамилтон верува дека може да ја освои осмата титула во болидот на Ферари

Возачот на Ферари Луис Хамилтон изјави дека цврсто верува дека оваа сезона може да се бори за осмата титула светски шампион во Формула 1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Британецот пред Големата награда на Унгарија се наоѓа на второто место во генералниот пласман со 45 бодови заостанување зад водечкиот Кими Антонели од Мерцедес, по десет од вкупно 22 планирани трки.

Одлично е чувството повторно да се биде во борба за титулата, особено кога ќе се сетам каде бевме минатата година во ова време. Горд сум на тимот поради напредокот што го направивме, но и на себеси поради работата и промените кои ги внесов за да дојдеме до ова ниво“, изјави Хамилтон, пренесе Скај Спорт.

Седумкратниот светски шампион истакна дека Ферари сè уште има простор за напредок во втората половина на сезоната.

Пред нас е уште многу работа и голем предизвик, но повеќе сум фокусиран отколку кога и да е и навистина верувам дека можеме да се бориме за титулата“, додаде 41-годишниот Британец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Tрагедија во Брно: Загинаа двајца мотоциклисти

Светот на мотоциклизмот е завиен во тага по новата трагедија. За време на натпреварувањето…