
Легендарниот француски фудбалер Н’Голо Канте би можел да се врати во англиската Премиер лига. За неговите услуги е заинтересиран Тотенхем
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тотенхем е сериозно заинтересиран за донесување на Н’Голо Канте од Фенербахче, а извори блиски до преговорите тврдат дека интересот на лондонскиот клуб не е само моментален.
Во лондонскиот клуб веруваат дека искусниот француски играч за врска со својот квалитет, искуство и победнички менталитет може да донесе дополнителна стабилност во средниот ред, поради што се очекува официјалната понуда наскоро да биде испратена до турскиот гигант.
Иако преговорите сè уште не се официјално отворени, во Англија и Турција постои уверување дека е прашање на момент кога Спарс ќе направат конкретен потег. Тотенхем ја следи ситуацијата последните недели, а управата смета дека Канте може да биде едно од засилувањата во овој трансфер период.