Дома Фудбал Како гром од ведро небо: Англиски гигант се вклучи во приказната околу Винисиус Жуниор!

Како гром од ведро небо: Англиски гигант се вклучи во приказната околу Винисиус Жуниор!

Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид сè уште е една од главните теми во европскиот фудбал, а шпанските медиуми објавуваат нови информации кои би можеле дополнително да ја закомплицираат целата ситуација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако желбата и на бразилскиот репрезентативец и на раководството на Реал Мадрид е да ја продолжат заедничката соработка, договорот за продолжување на договорот сè уште не е постигнат.

Таквиот развој на настаните привлече внимание на многу европски великани кои внимателно ги следат случувањата околу еден од најдобрите крилни напаѓачи денес.

Според тврдењата на шпанскиот новинар Рамон Алварез де Мон, во целата приказна би можел да се вклучи и Ливерпул.

Наводно англискиот великан би можел да се обиде да го доведе Винисиус како слободен играч во 2027 година доколку до тогаш не го продолжи договорот со кралскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…