Дома Фудбал Македонски репрезентативец потпиша за клуб од Индонезија!

Македонски репрезентативец потпиша за клуб од Индонезија!

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски има нов клуб во својата кариера. Напаѓачот и официјално е претставен како нов фудбалер на индонезискиот Бајангкара, со што за првпат ќе настапува во азискиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ристовски во Индонезија пристигнува од редовите на чешки Бохемианс, каде што настапуваше во изминатата сезона, а трансферот претставува нов предизвик во неговата интернационална кариера.

Пред преселбата во Чешка, македонскиот напаѓач настапуваше за Работнички, како и за Ријека во Хрватска, словачките Нитра и Спартак Трнава, додека дел од кариерата мина и во словенечки Кршко.

Во дресот на македонската репрезентација Ристовски досега има запишано 40 настапи, а сега ќе се обиде со добри игри во Индонезија да остане во конкуренција за националниот тим и во претстојните квалификациски предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвежаните ја тужат ФИФА поради мешањето на Трамп

Норвешката фудбалска федерација е подготвена да поднесе официјална жалба до Етичкиот комит…