Дома Фудбал „Бомба“ од Барселона: Флик отпиша една од ѕвездите

„Бомба“ од Барселона: Флик отпиша една од ѕвездите

Вистинска бомба пристигнува од Барселона. Тренерот на каталонскиот великан, Ханси Флик, ја отпиша sвездата на тимот, Френки де Јонг, и повеќе не смета на неговите услуги.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По цели седум години во клубот, Холанѓанецот Френки де Јонг се наоѓа на излезните врати на Барселона. Неговиот однос со тренерот Ханси Флик целосно се распадна и 29-годишникот среќата ова лето може да ја побара на друго место.

Распаѓањето на односот меѓу двете страни започна за време на натпреварот од нокаут фазата на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Де Јонг се враќаше од повреда и беше подготвен за настап.

Флик побара од него да игра барем 60 минути, но Де Јонг го одби со зборовите: „Не сакам ништо да ризикувам.“

Од тој момент, германскиот експерт целосно го загуби довербата во Холанѓанецот. Одлучи дека повеќе не му е потребен во клубот и целосно го отпиша.

Се верува дека и Де Јонг сака да оди. Тој е подготвен на трансфер и нема да биде никакво изненадување ако одличниот играч за врска ова лето ја продолжи кариерата на друго место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moќта на Ламин Јамал: Од еден негов мал потег во финаледо моден бренд заработи милиони

Младиот шпански фудбалски феномен Ламин Јамал уште еднаш покажа колкава влијателност има н…