Дома Фудбал Фудбалерите на Рига направиле хаос – кршеле во соблекувалната на Вардар! (Фото)

Фудбалерите на Рига направиле хаос – кршеле во соблекувалната на Вардар! (Фото)

Фудбалерите на Вардар беа поразени од летонска Рига со 3:2 во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, а по натпреварот вниманието го привлече и однесувањето на гостинската екипа надвор од теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според фотографиите од соблекувалната, играчите на Рига зад себе оставиле неред, а покрај расфрланото ѓубре, оштетен бил и дел од инвентарот. Искршени се неколку столчиња и шкафчиња, што остава лош впечаток за нивната култура и однесување.

Овој контраст е уште поочигледен ако се земе предвид претходниот европски натпревар на Вардар против КуПС. Финскиот тим тогаш ја напушти соблекувалната во речиси иста состојба во каква што ја доби, без оштетувања и со уредно оставен простор.

Во таборот на Вардар сега ќе се надеваат дека ваквиот потег на противникот ќе биде дополнителен мотив за реваншот во Летонија, каде „црвено-црните“ ќе се обидат да ја надоместат негативата и да обезбедат пласман во следната рунда од квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри по фантастичниот Мундијал мора да оди на операција!

Манчестер Сити ќе биде без една од своите најголеми ѕвезди на неодреден временски период. …