Дома Фудбал Реал Мадрид се договори со Родри, а потоа следуваше шок од Манчестер

Реал Мадрид се договори со Родри, а потоа следуваше шок од Манчестер

Реал Мадрид сериозно започна обид за доведување на Родри од Манчестер Сити. Според информациите кои се појавуваат, мадридскиот клуб го означил шпанскиот репрезентативец како еден од своите главни приоритети.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно вчера се одржала тајна средба помеѓу претставници на Реал Мадрид и агентите на искусниот играч за врска.

Според тие информации, Родри е отворен за враќање во Шпанија, а Реал Мадрид е подготвен да направи се за да го донесе на Сантјаго Бернабеу.

Мадридскиот гигант наводно подготвува договор за Родри до 2030 година.

Сепак, директни преговори помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити сѐ уште не се започнати.

Според достапните информации, англискиот шампион поставил цена од 100 милиони евра за својот играч за врска.

Реал Мадрид верува дека би можел да преговара за помала сума и би се обидел да ја намали побараната цена.

Преговорите помеѓу двата клуба би можеле да бидат клучни за евентуалната реализација на овој трансфер.

Родри веќе со години е еден од најважните играчи на Манчестер Сити, а неговото евентуално заминување би претставувало голем потег на пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе застана пред Перез и му ги соопшти најголемите вести ова лето

Реал Мадрид ова лето би можел да направи уште неколку големи потези на трансфер пазарот, а…