Дома Фудбал Падна одлука: Реал Мадрид оди по „најдобриот на светот“, тој веќе кажа „да“

Падна одлука: Реал Мадрид оди по „најдобриот на светот“, тој веќе кажа „да“

Одлуката е тука. Реал Мадрид тргнува по најдобриот играч од Светското првенство, Родри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Реал Мадрид оди по Родри. Одлуката ја донесоа вечерва. Ќе се обидат да го доведат“, велат извори блиски до мадридскиот клуб.

Сепак, иако ќе се обидат да го доведат, кралевите не сакаат да дадат премногу пари за чудесниот везен играч. Причината е што тој влегува во последната година од договорот и сакаат да го добијат за значително пониска цена од онаа што ја вреди.

„Нема да одат над одредени граници. Ќе преговараат со Манчестер Сити и ќе бараат фер цена.“

Од друга страна, Родри нема да бара никакви астрономски услови. Тој сака да биде во Реал и тоа е јасно на сите.

„Договорот помеѓу Родри и Реал нема да биде проблем. Нема да бара огромна плата“, се наведува и се додава:

„Клубот одлучи да го потпише, сега е потребен само договор со клубот од Манчестер. Ги имаат своите граници, нема да дадат премногу пари за играч кој има само уште една година договор.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна традиција во Шпанија: Двајца светски шампиони за награда добија гајба доманти!

Откако Фабијан Руиз и Гави, двете звезди на шпанската фудбалска репрезентација, триумфираа…