Дома Фудбал Ал Хилал штотуку за 80 милиони евра го заврши најшокатниот трансфер на летото!

Ал Хилал штотуку за 80 милиони евра го заврши најшокатниот трансфер на летото!

Според ексклузивните информации на угледниот новинар Дејвид Орнстин, Ал Хилал постигнал договор со Вест Хем Јунајтед за трансфер на холандското крило Крисенсио Сумеривил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се наведува дека вредноста на трансферот е околу 80 милиони евра, додека 24-годишниот репрезентативец на Холандија наскоро треба да ги заврши медицинските прегледи пред трансферот да биде официјално потврден.

Орнстин додава дека за Сумеривил е подготвен долгорочен договор, а комплетирањето на трансферот сега зависи само од последните формалности и потребните одобренија.

Навистина е неверојатно дека раководителите на Ал Хилал одлучија да дадат 80 милиони евра за играч кој отпаднал од Премиерлигата со Вест Хем.

Во меѓувреме, италијанскиот новинар Николò Шира објави дека Сумеривил донел конечна одлука и ја прифатил понудата на Ал Хилал.

Според неговите информации, саудискиот клуб во завршницата на преговорите ја надминал Рома, која исто така сериозно го сакала холандскиот крилен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…