Дома Фудбал Роналдо „лајкна“ објава во која се критикуваат ФИФА и УЕФА

Роналдо „лајкна“ објава во која се критикуваат ФИФА и УЕФА

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат не заради настапи на теренот, туку поради активностите на социјалните мрежи. Португалската ѕвезда предизвика бројни реакции откако, според тврдењата на навивачите и светските медиуми, го лајкувал постот во кој се обвинува FIFA за фаворизирање на Аргентина на патот до финалето на Светското првенство 2026.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за видео објавено на верификуваниот Instagram профил „espejopublic“, кое прикажува дел од емисија на шпанската телевизија „Espejo Publico. Во него новинарката Пилар Родригез Лосантос изнесе сериозни обвинувања против светската куќа на фудбалот.

Во видеото тврди дека Аргентина требало да биде елиминирана многу порано за време на турнирот, како и дека ФИФА, како што наведува, ѝ помогнала за време на натпреварувањето. Светската фудбалска организација ја опиша како „една од најкорумпираните институции на планетата“.

Иако лајкот од официјалниот Instagram профил на Роналдо брзо исчезна, корисниците на социјалните мрежи направија снимки од екранот кои со голема брзина се проширија на интернет, особено откако Шпанија во финалето ја совлада Аргентина со резултат 1:0.

Португалецот не се огласи по повод целата ситуација, па не е познато дали станува збор за намерен потег, грешка на неговиот PR тим или случајно лајкнување за време на прегледување на содржината на телефонот.

Кристијано Роналдо го лајкуваше Instagram видеото кое обвинува за корупција во FIFA и тврди дека им помагале на Аргентина да стигне до финалето на Светското првенство. pic.twitter.com/Lbk1MTlo0R— Pop Base (@PopBase) 20 јули, 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…