Дома Фудбал (Видео) Ваков не сте го виделе: Ричарлисон во транс поради голот на Шпанија!

(Видео) Ваков не сте го виделе: Ричарлисон во транс поради голот на Шпанија!

Бразилскиот фудбалер Ричарлисон предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако по финалето на Светското првенство на многу емотивен начин го прослави голот на Феран Торес против Аргентина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот на Тотенхем објави снимка на која, по голот на шпанскиот репрезентативец, слави како да е дел од селекцијата на „црвената фурија“. Во еден момент дури и се растрча и се лизна по подот во својот дом, имитирајќи го славјењето на голови на фудбалскиот терен.

Видеото брзо стана вирално и собра милиони прегледи, додека многу корисници на социјалните мрежи оценија дека Бразилецот на тој начин „ги пецнал“ Аргентинците со кои години наназад постои големо фудбалско ривалство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нико Вилијамс ги спакувал куферите: Кариерата ја продолжува во Англија

Нико Вилијамс најверојатно го напушта Атлетик Билбао и кариерата ја продолжува во Англија.…