
Тешко е да се замисли фотографија на која се собрани толку многу спортски легенди. Во кадарот има толку трофеи, рекорди и историски моменти, што дури финалето на Светското првенство за неколку минути падна во втор план.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лионел Меси, Новак Ѓоковиќ, Том Брејди, Кевин Дурент, Родри, Емилиано Мартинез, Лионел Скалони, Луис де ла Фуенте, Рио Фердинанд, Кевин Харт и Травис Скот се собраа на завршницата на спектаклот што се одржа во рамките на “Фанатикс фестот” во Њујорк. Дурент ја зеде камерата во раце и направи селфи кое брзо беше прогласено за селфи на сите селфиња.
Зад нив се наоѓаа илјадници навивачи, додека пред камерата беа собрани луѓе кои обележаа различни спортови и епохи. Најуспешниот тенисер во историјата, седумкратниот освојувач на Супербоул, четирикратниот олимписки шампион во кошарка, актуелни и поранешни светски прваци во фудбал, заедно со ѕвезди од музика, филм и телевизија.
Сето тоа беше дел од необичната најава на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија. Наместо традиционалните новинарски прашања, пред Меси, Скалони, Дибу Мартинез, Родри и Де ла Фуенте излегоа други спортски легенди.