Дома Фудбал Вест на денот во Лондон: Боувен како Дел Пјеро!

Вест на денот во Лондон: Боувен како Дел Пјеро!

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска соопшти дека Џаред Боуен потпишал нов договор!

Иако многумина стравуваа дека Боувен ќе има желба да замине по испаѓањето во Чемпионшип, тој одлучи да покаже што значи лојалност во пракса. И покрај бројните понуди од Премиер лигата и многуте предизвици што ги имаше, тој го избра најважниот – да го врати Вест Хем во елитата веќе следната сезона.

Клубот исто така објави емотивно видео со нивниот капитен кој објасни зошто за него оваа била единствено логична одлука.

Ваквиот потег многу потсетува на оној на Џанлуиџи Буфон и Алесандро Дел Пјеро, кои останаа верни на Јувентус дури и кога клубот беше испаднат во Серија Б.

Боувен го поврзуваа со Њукасл, Тотенхем и другите клубови, но за него постоеше само една опција – Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајниот список на Арсенал: 21 фудбалер, меѓу нив Винициус, Алварез и Диоманде

Би-Би-Си ги откри деталите за плановите на Арсенал во текот на летниот трансфер период кој…