Од извесно време, Фабрицио Романо премина од новинарство кон посредување при трансфери во фудбалот. Тој стана маркетиншка алатка и продавач на многу производи од фудбалската индустрија, а затоа сè почесто се соочува со критики од јавноста.
Неодамна, Атлетико Мадрид се впушти во конфликт со него поради шпекулациите за трансферот на Хулиан Алварез во Барселона, а сега се појави нова ситуација.
Фабрицио Романо вчера објави дека Наполи испратил понуда вредна 10.000.000 долари за Ексекиел Зебаљос од Бока. Наводно, аргентинскиот деснокрилен фудбалер сака да премине во Наполи и веќе одбил понуда од 5.000.000 долари годишно од ЦСКА за да се пресели во Москва.
Великанот од рускиот главен град реагираше преку својот X профил, каде негираа дека во моментот имаат било каква поврзаност со Зебаљос, иако е точна информацијата дека бил на нивната листа на желби, но тоа било во текот на зимата.
„Фабрицио, престани да шириш глупости. Ти си почитуван новинар. ЦСКА никогаш не понудила 5.000.000 евра нето годишно на ниту еден играч. Разговорите со Бока завршија во февруари: немаше договор, ниту понуда за играчот. Не планираме да купуваме играчи на крилни позиции ова лето. Престани да го користиш нашето име за остварување договори или зголемување на побарувањата“, наведоа од ЦСКА.
🚨 Наполи испраќа официјална понуда од 10 милиони долари за Ексекиел Зебаљос кон Бока Јуниорс, по усогласување на личните услови.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 15, 2026
Зебаљос го сака Наполи бидејќи одби плата од 5 милиони евра нето годишно од ЦСКА Москва.
Зависно е од Бока Јуниорс.
🎥🇮🇹 https://t.co/KDiChkV14A pic.twitter.com/HBWQ8rqEAx