
Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со Атлетико Мадрид.
Ова не е шега, туку тренд кој го објавува весникот “Марка”, бидејќи шпанскиот тим за трет пат по ред на финалето на Мундијалот ќе има најмногу претставници меѓу двата тима што ќе се натпреваруваат за трофејот. Четворица Шпанци играат во Атлетико – Алекс Баена, Маркос Љоренте, Марк Пубил и новото засилување Алехандро Грималдо.
Од страна на Аргентина ги има дури и повеќе – Тиаго Алмада, Нахуел Молина, Хуан Мусо, Џулијано Симеоне и Хулиан Алварез. Атлетико Мадрид имаше најмногу претставници и во 2022 во Катар, кога Родриго Де Пол, Нахуел Молина и Анхел Кореа од Аргентина станаа светски шампиони, а Французинот Антоан Гризман остана со сребрен медал.
На финалето во Русија во 2018 година, Атлетико Мадрид повторно имаше четири претставници – најмногу од сите клубови. Французите Лука Ернандес, Тома Лемар и Антоан Гризман станаа светски шампиони, за хрватот Шиме Врсаљко остана утеха што стигна до финалето.