Дома Фудбал Луис Енрике без милост кон својот играч: “Повеќе не ни треба”

Луис Енрике без милост кон својот играч: “Повеќе не ни треба”

Според извештаите на шпанскиот лист “Мундо Депортиво”, Мбаје не е во плановите на актуелниот стратег на европскиот првак, поради што наскоро може да смени средина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако важеше за еден од најталентираните играчи во младинскиот погон на ПСЖ, конкуренцијата во првиот тим се покажа како преголем предизвик за младиот фудбалер.

Луис Енрике за време на неговиот мандат јасно покажа дека сметка исклучиво на играчи кои се вклопуваат во неговата визија, а Мбаје очигледно не успеа да се избори за значајна улога.

Овој развој на настани ги отвори вратите за можен трансфер веќе ова лето, а интересот за неговите услуги не недостасува.

Најсериозен кандидат за неговото доведување е Борусија Дортмунд, клуб кој со години важи за една од најдобрите средини за развој на млади таленти.

Германскиот великан внимателно ја следи ситуацијата околу Мбаје и е подготвен да реагира доколку ПСЖ одлучи да даде зелено светло за неговото заминување.

Во Дортмунд веруваат дека токму Мбаје може да направи исчекор во неговата кариера преку системот кој на младите играчи им нуди многу простор за напредок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…