Дома Фудбал Откриено како Дембеле беше понижен во соблекувалната на полувремето од натпреварот со Шпанија

Откриено како Дембеле беше понижен во соблекувалната на полувремето од натпреварот со Шпанија

Франција не успеа да се пласира во своето трето последователно финале на Светското првенство бидејќи во полуфиналето беше поразена од Шпанија со 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Французите беа главните фаворити за освојување на златниот медал, на крајот Шпанците им покажаа вистинска фудбалска лекција и заслужено стигнаа до победата и пласманот во големото финале.

Дека атмосферата во редовите на Франција не беше на ниво по примениот прв гол, покажува информацијата објавена од угледниот L’Equipe.

Медиумите во Франција објавија дека Усман Дембеле на полувремето се обиде да ги мотивира своите соиграчи и да ги увери дека можат да го свртат резултатот, но говорот не помина како што планираше.

L’Equipe пишува дека некои играчи на Франција беа лути што Дембеле одлучи да зборува за тоа каде грешат и како да се подобрат, бидејќи сметаа дека тој можеби беше и најслабата карика на Триколорите во првиот дел.

Дембеле, за време на говорот, сфати дека најголем дел од соиграчите воопшто не го слушаат и го игнорираат, поради што тој се налутил.

Повеќето играчи на Франција сметаа дека Дембеле не е тој кој треба да им држи лекција по слабото прво полувреме, бидејќи ни тој самиот не одигра ништо посебно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…