
Атлетико Мадрид немаше успешна претходна сезона во однос на освојување на трофеи, откако беше поразен во финалето на Купот на кралот и отстрани во полфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, фудбалерите на овој клуб имаат значајна улога на актуелното Светско првенство и ќе бидат најбројни на претстојното финале меѓу Аргентина и Шпанија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Девет играчи на “Јорганџиите” ќе се најдат во составите на Аргентина и Шпанија за големото финале кое ќе се одигра во недела во 21 часот. Во аргентинскиот тим се: Хуан Мусо, Џулијано Симеоне, Науел Молина, Тиаго Алмада и најдобриот фудбалер на Атлетико, Хулијан Алварез. Од друга страна, во селекцијата на Луис де ла Фуенте се: Маркос Љоренте, Марк Пубиљ, Алекс Баена и новото засилување на клубот, Алехандро Грималдо.
Најинтересниот факт во оваа приказна е дека ова ќе биде третото последователно финале на Светско првенство во кое Атлетико Мадрид ќе биде клубот со најмногу претставници на теренот за трофејот. Истите случки се забележаа на претходните два Мундијала во Катар (2022) и Русија (2018).
💣🚨 ГОЛЕМО НОВОСТИ – ОФИЦИЈАЛНО: БАРЕМ четворица играчи на Атлетико Мадрид ќе станат светски шампиони!
— Atletico Universe (@atletiuniverse) July 15, 2026
🇪🇸 Маркос Љоренте
🇪🇸 Марк Пубиљ
🇪🇸 Алекс Баена
🇪🇸 Алехандро Грималдо
🇦🇷 Хуан Мусо
🇦🇷 Ѓулијано Симеоне
🇦🇷 Науел Молина
🇦🇷 Хулијан Алварез
🇦🇷 Тиаго Алмада… pic.twitter.com/bFFVzB5Ipg