
Јан Диоманде најверојатно ќе остане во РБ Лајпциг и следната сезона, што означува нов пресврт во трансфер сагата околу него.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според “Билд”, германскиот клуб дошол до заклучок дека летово нема да ја добие бараната сума од 120 милиони евра и преферира да го задржи крилото, при што постои можност да потпише нов договор со него. Можно е “биковите” да се согласат на продажба сега, но со услов купувачот да го остави Диоманде во Лајпциг како позајмен играч следната сезона.
Талентираното крило се претвори во цел број 1 на Ливерпул како замена за Мохамед Салах. “Црвените” се единствениот клуб што досега поднел официјална понуда. Таа беше околу 80 милиони евра плус 20 милиони во форма на бонуси, но веднаш беше одбиена. Набрзо потоа, водечките медиуми во Франција, Германија и Англија ја ширеа веста дека Диоманде го избрал Пари Сен Жермен и има принципиелна договорка со францускиот клуб. Сепак, европскиот клубски шампион сѐ уште нема понудено официјална понуда.
“Билд” тврди дека од кампот на Диоманде дале принципиелна согласност не само на ПСЖ, туку и на уште неколку клуба, вклучувајќи ги Ливерпул и двата голема клуба од Манчестер. Сепак, гласините за ПСЖ ги натерале останатите кандидати да се повлечат од натпреварот за негова трансфер.
Откако разбрале дека нема да ја добијат бараната сума, од Лајпциг решиле да се откажат од продажба, уште повеќе што новиот тренер на тимот, Мартин Демикелис, инсистира клубот да направи сѐ што може за да го задржи талентираното крило.