
Поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ е уапсен во антикорупциска операција поврзана со изградба на приватен крајбрежен камп, соопшти Хрватската информативна агенција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот дефанзивец е задржан во Загреб под сомнение за незаконско добивање дозвола за создавање камп на централното крајбрежје на земјата. Ниту полицијата, ниту обвинителството за борба против корупцијата го потврдија апсењето, но локалните медиуми објавија фотографии на Шимиќ со лисици на рацете, додека излегува од полициски автомобил.
Според информациите, заедно со 50-годишниот бронзен медалист од Мундијал 1998, уапсени се и уште двајца лица. Меѓу нив се поранешен регионален службеник од областа на туризмот, обинет дека му помогнал на Шимиќ да добие потребните дозволи за кампот, како и локален бизнисмен, за кој се тврди дека делувал како посредник.
Шимиќ се повлече од националниот тим во 2008 година, откако стана првиот хрватски играч со 100 натпревари за својата земја. Ја започна клубската кариера во Динамо Загреб, а потоа стана клучна фигура за Хрватска при освојувањето на третото место на светското првенство во Франција. По шест сезони во Динамо премина во Интер, а подоцна и во градскиот ривал Милан, каде што освои една титула во Серија “А” и две во Лигата на шампиони, пред да се приклучи на Монако во 2008 година. Откако ја прекина кариерата, поранешниот фудбалер основа позната компанија за флаширана вода, која се дистрибуира низ целиот регион.