Дома Фудбал Макелеле до Перес: Ако има пари само за еден играч, нека биде Олисе

Макелеле до Перес: Ако има пари само за еден играч, нека биде Олисе

Поранешниот играч на средниот ред на Реал Мадрид и францускиот национален тим, Клод Макелеле, призна дека лично му препорачал на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, да го потпише крилото на Баерн Минхен, Мајкл Олисе. Шпанските медиуми претходно објавија дека „белиот балет“ е заинтересиран за 24-годишниот фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Мајкл Олисе во Реал Мадрид? Би го поддржал тоа. Имав прилика да разговарам со претседателот, Флорентино Перес, и му кажав: Ако има пари за трошење за само еден играч, тој е. Олисе враќа истото чувство за фудбал, тој вкус кој го чувствувавме како деца: талент, слобода, квалитет, ефективност. Кога не е на теренот, неговото отсуство се забележува. Кога Олисе е во форма, чувствуваш дека може да направи нешто неочекувано во секој момент, како Меси“, рече Макелеле.

Олисе игра за Бајерн од 2024 година. Во сезоната 2025/26 одигра 52 натпревара за минхенскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и давајќи 31 асистенција. На Светското првенство, Французинот направи шест асистенции во шест натпревара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …