Дома Фудбал Тилеманс веќе е играч на „црвените ѓаволи“

Тилеманс веќе е играч на „црвените ѓаволи“

Манчестер Јунајтед официјално го објави второто засилување за денот. Откако претходно го ангажира велшкиот голман Карл Дарлоу, сега „црвените ѓаволи“ си го обезбедија и играчот од средниот ред на Астон Вила, Јури Тилеманс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот интернационалец пристигнува на „Олд Трафорд“ за сума од 35 милиони фунти, што е и неговата откупна клаузула. Тој потпиша договор за пет сезони – до летото 2031 година.

Белгиецот покажа солидна игра и на Светското првенство, каде постигна два гола во пет натпревари за „црвените ѓаволи“ – како што е прекарот и на националниот тим на неговата родна земја.

Се очекува Тилеманс да го замени бразилецот Каземиро кој го напушти тимот во средината на теренот. Од Манчестер Јунајтед веќе го ангажираа и Андреј Сантос од Челси во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино станува минато, подготвен е новиот “крал на фудбалот” кој има огромна поддршка од Европа

Новинарот Бен Џејкобс има сигурни информации дека неколку европски федерации наводно сакаа…