Дома Фудбал Белингам целосно ги промени трансфер плановите на Реал Мадрид!

Белингам целосно ги промени трансфер плановите на Реал Мадрид!

Џуд Белингам со своите игри на Светското првенство целосно го промени мислењето на челниците на Реал Мадрид кога станува збор за летниот трансфер период.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако последниве недели сè погласно се зборуваше дека кралскиот клуб планира да донесе уште еден играч од средниот ред, изгледа дека тоа сепак нема да се оствари.

Според информациите блиски до Реал Мадрид, во клубот сметаат дека нема потреба од засилување на средниот ред додека во тимот имаат играч како Белингам.

Наместо нови трансфери, приоритет е да се подобри хемијата во постоечкиот состав и да се извлече максимумот од играчите кои се веќе на Сантијаго Бернабеу.

Таквата одлука не изненадува ако се погледне она што англискиот репрезентативец го покажува на Светското првенство.

Белингам е еден од најдобрите играчи на турнирот и од натпревар во натпревар потврдува дека е подготвен да преземе најголема одговорност во средниот ред на Реал Мадрид.

Посебно заблеска во четвртфиналниот натпревар против Норвешка, кога постигна два гола и ја предводеше својата репрезентација до победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранец ќе го суди финалето на СП во САД?

Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) сè уште не одлучила кој ќе биде главен судија …