Дома Фудбал Манчестер јунајтед од денеска има нов голман!

Манчестер јунајтед од денеска има нов голман!

Mанчестер Јунајтед од денес има нов чувар на мрежата – тоа е Карл Дарлоу.

Овој искусен голман, кој минатата сезона бранеше за Лидс, со своите 35 години одлучи да го прифати предизвикот и да премине во Манчестер Јунајтед.

Изминатата сезона беше на голот на 22 натпревари за Лидс, а сега се очекува да биде поддршка на Ламенс, белгискиот голман кој ја имаше несреќната улога на трагичар на белгиската репрезентација за време на Светското првенство во Америка.

Со неговото доаѓање се отвора прашањето за заминувањето на Алтај Бајиндир од клубот, додека Онана веќе договори нова позајмица во Трабзон.

Покрај тоа, клубот располага и со Радек Витек, кој минатата сезона беше позајмен во Бристол и беше прогласен за најдобар играч на тимот, но најверојатно ќе ја продолжи кариерата повторно на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал не чекаше многу, еве како им одговори на Дембеле и Мбапе

Кога Килијан Ембапе се прогласува за најдобар фудбалер во светот, додека Усман Дембеле не …