
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи значителен напредок на најновата ВТА-листа, откако со успешниот настап во квалификациите за Вимблдон повторно се искачи во светскиот поредок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓорческа со трите победи во квалификациите и пласманот во главната ждрепка на престижниот грен-слем напредуваше за 14 позиции и од денеска се наоѓа на 209. место со 367 бодови. По период во кој забележа пад на ранг-листата поради поскромни резултати, македонската тенисерка повторно е во добра позиција да го нападне својот најдобар пласман во кариерата, а тоа е 170. место на ВТА-листата.
На самиот врв нема промени. Арина Сабаленка останува лидерка на светската ранг-листа, иако нејзината предност е намалена по нешто послабите резултати на последните турнири. Во моментов, таа има 407 бодови повеќе од најблиската конкурентка, Елена Рибакина.