
Во полуфиналето на Светското првенство ќе играат четирите најдобри репрезентации во светот според рангирањето на ФИФА. Поточно, таму ќе се соочат Франција и Шпанија, и Аргентина и Англија. Еден потег на ФИФА од ноември 2025 година открива дека во врвната фудбалска организација се надевале на вакво полуфинале…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ФИФА пред ждрепката за Светското првенство по првпат во историјата на натпреварувањето одлучи да ги одвои четирите најдобро рангирани репрезентации за да не можат да се сретнат пред полуфиналето. Тој план сега целосно се оствари.
Во првото полуфинале ќе се сретнат Франција и Шпанија, додека за место во финалето ќе играат Англија и Аргентина. Токму таков развој на настаните ФИФА сакаше да постигне со посебен систем кој ги задржува најдобрите репрезентации на спротивните страни на ждрепката.
Шпанија како прв носител, и Аргентина како втор, беа поставени и сместени на спротивните половини на ждрепката. Истото беше направено со Франција, трет носител, и Англија, четврт.
Таквата поделба значеше дека Англија не може да се сретне со Шпанија или Аргентина пред полуфиналето, додека можната средба со Франција беше одложена до финалето. Системот важеше под услов сите четири репрезентации да ги освојат своите групи и да продолжат по предвидениот пат во нокаут-фазата.
Кога две репрезентации се вкрстени, тие се ставаат на спротивните половини на костурот и не можат да се сретнат пред финалето. Сличен систем се користи на Вимблдон, но и во новиот формат на Лигата на шампионите, каде исто така се одделуваат најдобро рангираните учесници.
Целта на ФИФА беше да спречи прерани средби на најдобрите рангирани репрезентации и така да ја зголеми можноста за големи натпревари во завршницата на турнирот. Ист систем на рангирање претходно беше користен и на Светското клупско првенство.