
Најзначајната борба на настанот УФЦ 329 во Лас Вегас на 11 јули меѓу Конор Мекгрегор и Макс Холовеј траеше неверојатни 69 секунди.
Мекрегор се врати во октагонот по пауза од пет години и повреда на ногата во борбата против Дастин Поариер, и многумина се надеваа на спектакуларно издание на Ирецот имајќи предвид дека и Холовеј е познат по својата отворена борбена стратегија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мекрегор започна со атрактивен удар со нога, но загуби рамнотежа и падна. Откако се исправи, повторно се обиде со удар со нога и пак заврши на подот.
Веќе во 35-та секунда на борбата повторно падна, овојпат поради комбинација на удари и стана јасно дека нешто не е во ред со Конор.
Кога повторно се подигна, во 65-та секунда, при обид да пристапи кон Холовеј, се задржа за десната нога и судијата ја прекина борбата. Официјалното време на мечот на крај беше 1 минута и 9 секунди, иако борбата всушност заврши и порано.
На забавена снимка беше забележано дека Конор имал лошо приземјување при првиот обид за удар и очигледно го повредил десното колено..
Conor McGregor…. pic.twitter.com/5cGBQGZSgl
— edusantmo (@edusantmo) July 12, 2026
Холовеј (34) така се реваншираше на Мекгрегор за поразот од пред 13 години и сега има скор 28-9, додека Конор е на 22-7.