
Големото четвртфинале од Светското првенство помеѓу Англија и Норвешка, кое е закажано за сабота на стадионот Хард Рок во Мајами, се најде под знак прашање поради исклучително неповолните временски услови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Националната метеоролошка служба на Америка издаде предупредување за подрачјето на Јужна Флорида, каде се очекуваат екстремно високи температури, а метеоролозите предупредуваат за можност од силни грмотевични невремиња.
Според најавите, топлотниот индекс би можел да достигне и до 43 степени Целзиусови, што претставува сериозен ризик за играчите, навивачите и сите присутни на стадионот.
Ситуацијата дополнително се комплицира поради големиот облак од прашина од Сахара кој преку Атлантскиот Океан стигна до Флорида, носејќи многу сув и топол воздух.
Иако најголемиот дел од прашината се наоѓа на поголема висина, експертите предупредуваат дека може да предизвика проблеми кај лицата кои патат од алергии и респираторни заболувања.
Прогнозите укажуваат дека по периодот на исклучителна жештина, ќе дојде до нагло зголемување на влажноста на воздухот, што би можело да доведе до развој на силни бури и грмотевици.