Дома Фудбал Тоа што го направи Салах на крајот од дуелот со Аргентина го покажа неговото вистинско лице!

Тоа што го направи Салах на крајот од дуелот со Аргентина го покажа неговото вистинско лице!

Страстите сè уште не се смируваат по натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Аргентина и Египет, каде во центарот на вниманието се најде потегот на Мохамед Салах откако натпреварот заврши.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентина и Египет одиграа фантастичен натпревар во кој видовме дури пет голови, а на крајот актуелниот светски првак, по неверојатен пресврт, успеа да слави со 3:2 и да се пласира понатаму.

Египет водеше против „Гаучоси“ со 2:0, но во самиот крај на натпреварот Аргентинците, на крила на Лионел Меси, направија пресврт на 3:2 и се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство.

Но, главната тема по натпреварот е огромното незадоволство на Египќаните кои сметаат дека судиите ги оштетиле жестоко во оваа средба и дека заслужија да одат понатаму.

Некои од нив дури и јавно изјавуваа дека сè е наместено за Аргентина да пројде, и ја повикаа ФИФА да реагира и да ги казни судиите.

За ова говореше и најдобриот играч на Египет, Мохамед Салах, кој исто така не ги поштеди судиите во својата изјава, но пред тоа покажа каков човек е бидејќи направи нешто што ретко кој би го направил во таква ситуација.

И покрај големото незадоволство и бес кај Египќаните по завршувањето на натпреварот, Салах беше единствениот кој остана смирен и стабилен, и дури ги тераше своите соиграчи што подалеку од судиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми пред дербито: Хаос во таборот на Норвешка пред историскиот меч на СП

Пред четвртфиналето на Светското првенство против Англија, таборот на Норвешка се соочува …