
Додека Кристијано Роналдо сè уште настапува на највисоката фудбалска сцена, сè повеќе внимание привлекува неговиот син, Кристијано Роналдо Јуниор, чија иднина во националните репрезентации би можела да стане една од најинтригантните теми во наредните години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот Роналдо веќе има настапи за младинските селекции на Португалија, но според правилата на ФИФА, сè уште не е трајно поврзан со португалскиот национален тим. Ова му овозможува, ако ги исполнува сите услови за настап на сениорско ниво, да избира помеѓу дури пет репрезентации.
Покрај Португалија, за која веќе играл во младите категории, Кристијано Роналдо Јуниор би можел во иднина да игра и за Шпанија, Соединетите Американски Држави, Англија или Зеленортски Острови.
Како најголем фаворит да го задржи младиот талент се смета Португалија, особено земајќи го предвид наследството на неговиот татко, најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата и еден од најголемите играчи на сите времиња.
И покрај тоа, интересно е што многу сериозно дел во оваа приказна може да земе и Фудбалската федерација на Зеленортски Острови. Правото за настап за оваа африканска селекција Роналдо Јуниор би можел да го добие по семејните корени, бидејќи семејството на неговата баба по татко потекнува од овој остров.
Според пишувањата во португалските и африканските медиуми, во сојузот внимателно го следат развојот на младиот Роналдо и не кријат дека сакаат еден ден да го видат во дресот на нивната репрезентација.
Во тамошниот сојуз сметаат дека неговото евентуално определување би претставувало огромен чекор напред за нивниот фудбал, како во спортски, така и во маркетинг аспект.
¡PORTUGAL EN ALERTA! Cristiano Ronaldo Jr. todavía puede representar a OTRA selección. 😳🇵🇹
— Motivaciones Fútbol (@MotivacionesF) July 9, 2026
Mientras la histórica etapa de Cristiano Ronaldo con Portugal se acerca a su desenlace, comienza a escribirse un nuevo capítulo: el futuro internacional de su hijo.
Aunque Cristiano… pic.twitter.com/WAIIejEGQy