
Душан Влаховиќ е на крстосница во кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот фудбалер е слободен играч, но нема пристигнато никаква понуда освен онаа од Бешикташ.
Иако понудата финансиски го задоволува, не ги исполнува спортските аспекти за играчот кој неодамна го споредуваа со Ерлинг Халанд.
Денес таа разлика е огромна, а според пишувањето на Тутоспорт, кој е близок до Јувентус, Влаховиќ лично ги контактирал црно-белите за обновување на соработката.
Според истиот извор, тој го направил тоа без посредници, кои успеале да создадат лоши односи со клубот при преговорите за новиот договор.
Останува да видиме дали српскиот напаѓач конечно ќе се скраси и целосно ќе се посвети на фудбалот.