
Манчестер Јунајтед постигна договор со Челзи за трансферот на дефанзивниот играч за врска Андреј Сантос, ексклузивно пренесува „Атлетик“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ се договорија со „сините“ за трансферна сума во вредност од 48 милиони фунти плус уште два милиони како бонуси, а лондончаните задржуваат и 10% од евентуалниот идниен трансфер на играчот. Информацијата доаѓа изненадувачки со оглед на тоа што интересот кон играчот од „Олд Трафорд“ беше споменат само пред неколку дена.
Андреј Сантос е дел од Челзи од 2023 година, кога „сините“ платија 12,5 милиони евра на Вашко да Гама. Во наредните сезони, тој беше последователно позајмен на Нотингем Форест и Страсбург. Во последната сезона беше дел од тимот на лондончаните и постигна 3 гола и 4 асистенции во 43 натпревари во дресот на тимот. 22-годишниот играч за врска требаше да се справи со сериозната конкуренција од Мојсес Кайседо, Ромео Лавија и Енцо Фернандез на средината на теренот и не добиваше доволно време за игра.