Дома Топ вести Ѕвездата на Леверкузен прва трансфер цел на Милан

Ѕвездата на Леверкузен прва трансфер цел на Милан

Милан одлично ја започна сезоната и сака значително да се засили во зимскиот преоден рок со цел да се бори за место кое води во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми се сигурни дека новите сопственици ќе обезбедат значителен буџет за зимски засилувања, па многу имиња се поврзуваат со „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ тврди дека една од главните трансфер цели на Милан ќе биде офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Хакан Чалканоглу, кој ова лето беше мета на многу европски гигнати.

„Росонерите“ ќе се обидат да го донесат турскиот репрезентативец во зимскиот преоден рок, но многу поверојатно е трансферот да се реализира следното лето.

Чалканоглу би донесол креативност во средниот ред на Милан и сигурно ќе биде големо засилување за Монтела, а „росонерите“ се спремни да искешираат 30 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…