
Тренерот на Реал од Мадрид, Жозе Мурињо, како стручен консултант, остро ја критикуваше судењето и примената на ВАР технологијата по победата на Аргентина над Египет со резултат 3:2 во осминафиналето на Светското првенство 2026 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мурињо оцени дека судиите донесувале непоследователни одлуки и порача дека начинот на кој беше користен ВАР сериозно ја наруши регуларноста на натпреварот.
“Ова е кражба сред бел ден. Срамота е во што се претвора фудбалот. Како можете да дозволите да продолжи акцијата, да дозволите гол да биде постигнат, а потоа да одлучите да се вратите и да го поништите?”. Ако имаше фаул, запрете ја играта веднаш. Нема да чекате да биде постигнат гол”, не ги штедеше зборовите “Посебниот”, а потоа продолжи прилично конкретно.
„Тогаш поставувам уште едно прашање – зошто првиот гол на Аргентина не беше прегледан со истото внимание кога изгледаше дека ситуацијата беше многу блиска до офсајд? Зошто секоја спорна ситуација во корист на Аргентина беше детално проверувана, додека Египет, изгледа, немаше ист третман?”, смета Мурињо.
„ВАР треба да донесе праведност, а не конфузија. Денес изгледаше како секоја важна одлука да беше донесена во корист на Аргентина. Фудбалот заслужува подобро”, рече Мурињо.