
Арсенал договори ново засилување за претстојната сезона, а се работи за францускиот голман Илан Мелије, кој наскоро треба и официјално да стане нов член на лондонскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на угледниот новинар Бен Џејкобс, постигнат е конечен договор помеѓу двете страни, па наскоро се очекува и официјална потврда на трансферот.
Мелије доаѓа во Арсенал како слободен играч откако ја заврши соработката со Лидс Јунајтед, што претставува одлична можност за Топџиите да ангажираат квалитетен чувар на мрежата без надомест.
Францускиот голман со години беше еден од најважните играчи на Лидс, каде што стекна големо искуство настапувајќи во Премиер лигата и Чемпионшип.
Неговото доаѓање дополнително ќе ја засили конкуренцијата помеѓу стативите на тимот на Микел Артета пред новата сезона.