
Страстите не стивнуваат по вчерашниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Египет.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ден по натпреварот, Фудбалската федерација на Египет официјално поднесе жалба до ФИФА поради судењето на овој натпревар.
Египќаните сметаат дека биле сериозно оштетени на овој дуел и бараат итна истрага, како и строги казни за судиите.
Пред сè, Египќаните мислат на главниот судија од Франција, Франсоа Летексиер, како и на неговите помошници.
Имено, од ФИФА, од Фудбалската федерација на Египет побарале тие да бидат суспендирани до крајот на Светското првенство.
Од Египет наведуваат дека направени се две огромни грешки на овој натпревар кои влијаеле на конечниот резултат.
Првата грешка, според мислењето на Египќаните, е поништениот гол на Зико во 58. минута од натпреварот.
„Зико постигна погодок, но голот беше поништен поради проценката на судијата дека Атија направил фаул на самиот почеток на акцијата. Оваа одлука е потполно неоправдана.“
Втората ситуација е ненадсудениот пенал над Салах пред третиот гол на Аргентина.
„Втората ситуација се случи во акцијата пред голот што го постигна Фернандез. Салах беше фаулиран, но ВАР воопшто не реагираше ниту ја провери ситуацијата.“