Дома Фудбал Како гром од ведро небо – Артета договори засилување за Арсенал!

Како гром од ведро небо – Артета договори засилување за Арсенал!

Арсенал договори ново засилување за претстојната сезона, а станува збор за францускиот голман Илан Меслие, кој наскоро треба и официјално да стане нов член на лондонскиот клуб.

Според информациите од угледниот новинар Бен Џејкобс, постигнат е конечен договор меѓу двете страни, па наскоро се очекува и официјална потврда за трансферот.

Меслие пристигнува во Арсенал како слободен играч откако ја заврши соработката со Лидс Јунајтед, што претставува одлична можност за Топчиите да ангажираат квалитетен чувар на мрежата без обештетување.

Францускиот голман со години беше еден од најважните играчи на Лидс, каде стекна големо искуство настапувајќи во Премиер лигата и Чемпионшипот.

Неговото доаѓање дополнително ќе ја засили конкуренцијата на голот на тимот на Микел Артета пред новата сезона.

И покрај тоа што се очекува Арсенал наскоро да го потврди доаѓањето на Меслие, ситуацијата со Кепа Аризабалага и понатаму останува нерешена.

Шпанскиот голман сè уште нема гаранции дека ќе остане на Емирејтс и неговата иднина останува неизвесна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Втор ден од првото коло во Лигата на шампиони: Спектакли на Марадона и Енфилд, Барса и ПСЖ стремат кон сигурни победи

По возбудливиот старт на новата сезона со победите на Реал Мадрид и Манчестер Сити, европс…