Дома Фудбал Свeтот зборува, Египет е измамен: “Го туркаат Меси, ова е срамота која не се памети”

Свeтот зборува, Египет е измамен: “Го туркаат Меси, ова е срамота која не се памети”

Аргентина по неверојатен натпревар и голем пресврт го совлада Египет со резултат 3:2 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, наместо да се зборува само за спектакуларниот фудбал, главната тема по последниот судиски свиреж стана судењето и одлуката која доведе до победничкиот гол на “Гаучосите”.

Имено, непосредно пред третиот гол на Аргентина, Египќаните побараа пенал откако Мохамед Салах падна во казнениот простор по контакт со противнички играч.

На забавените снимки може да се види како Салаха беше газен на стапалото од противникот, по што заврши на тревата.

Главниот судија не покажа на белата точка, а од ВАР собата не доби повик за преглед на снимката, што предизвика многу реакции меѓу навивачите и фудбалските аналитичари.

Само неколку моменти подоцна следеше казна за Египет. Аргентина организираше брза акција, постигна трет гол и комплетира голем пресврт за конечни 3:2.

На социјалните мрежи веднаш се појавија бројни дискусии, а многу сметаат дека оваа спорна ситуација можеше целосно да го промени текот на натпреварот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…