Дома Фудбал Родри сфати што направил кон Силва и испрати важна порака!

Родри сфати што направил кон Силва и испрати важна порака!

Играчот за врска на Шпанија, Родри, призна дека направил грешка по дуелот против Португалија во осминафиналето на Светското првенство 2026 година.

Шпанија победи со минимален резултат од 1:0 и обезбеди место во четвртфиналето, но еден момент од завршницата на натпреварот привлече многу внимание.

Откако Бернардо Силва пропушти голема шанса за израмнување, Родри бурно го прослави неговиот промашај, што го налути португалскиот репрезентативец.

Тие двајца претходно беа соиграчи во Манчестер Сити, па ситуацијата дополнително привлече внимание од јавноста. Родри по натпреварот призна дека неговиот потег не бил исправен.

„Морам да му се извинам на Бернардо затоа што го прославив неговото промашување. Згрешив. Веднаш му се извинив и поради односот што го имаме меѓу нас, тука завршува сè,” порача Родри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историја: Мбапе влезе во Топ-5 стрелци на Лига на шампиони на сите времиња

Килијан Мбапе синоќа го постигна првиот гол за Реал во новата сезона на Лига на шампиони и…