
Ерлинг Халанд е едно од најголемите откритија на ова Светско првенство, барем кога станува збор за популарноста надвор од теренот. Норвешкиот напаѓач воодушевува со головите, неговиот викиншки изглед и модниот избор, а овие денови многу се зборува и за неговите луксузни Hermes торби. По големата победа на Норвешка над Бразил и пласманот во четвртфиналето, вниманието го привлече уште еден детал – на неговиот дрес не пишува само Халанд, туку и Браут Халанд. Причината е многу лична.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Целосното име на Ерлинг е Ерлинг Браут Халанд, при што Браут е неговото средно име, но и девојачкото презиме на неговата мајка Гри Марите Браут.
Со додавањето на презимето Браут на репрезентативниот дрес, тој сакаше да и’ оддаде почит. Се очекува натписот Браут Халанд да го носи само при настапите за норвешката репрезентација, додека во дресот на Манчестер Сити ќе го користи само презимето Халанд.