Дома Фудбал Манчестер Јунајтед започнува преговори за Чуамени за неколку дена

Манчестер Јунајтед започнува преговори за Чуамени за неколку дена

Орелијан Чуамени станува главна цел за средниот ред на Манчестер Јунајтед, тврди шпанскиот “Ас”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според изданието, за неколку дена “црвените ѓаволи” ќе започнат преговори со Реал Мадрид за можен трансфер на Французинот. Англискиот клуб бара замена за Каземиро, но не успеа со првите две цели, кои беа Матеуш Фернандеш и Елиот Андерсон.

Трансферот на Едерсон од Аталанта ќе биде финализиран наскоро, но тоа нема да биде единственото засилување за средниот ред на Манчестер Јунајтед.

Според “Ас”, “црвените ѓаволи” се подготвени да вложат значителна сума за Чуамени, како што Реал ќе бара над 100 милиони евра за него.

Односите меѓу двата клуба се добри и тие се одворени за бизнис меѓу себе. Два од најзначајните излезни трансфери на Реал Мадрид во последните години беа токму кон “Олд Трафорд”. Најпрво, во летото на 2021 година, Манчестер Јунајтед го купи Рафаел Варан за 50 милиони евра, а една година подоцна го привлече и Каземиро за 72 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…