
Комо испрати официјална понуда за израелскиот репрезентативец Анан Халаили од Ројал Унион СЖ, приклучувајќи се на големиот Интер во конкуренцијата за неговиот потпис, пишува новинарот Саша Таволиери.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За сега италијанскиот шампион има предност во трката за 21-годишниот Халаили, кој му дал приоритет на преминувањето на “Сан Сиро” по неодамнешните разговори меѓу миланскиот клуб и претставниците на играчот. Сепак, Интер сè уште нема постигнато договор со Ројал Унион, кој бара околу 30 милиони евра за да се раздели со него.
Во овој контекст Комо исто така даде понуда за талентираниот десен бек. Предлогот од водениот од главниот тренер Сеск Фабрегас тим е за заем со обврска за купување за 27 милиони евра.