Дома Фудбал Омерагиќ: Ќе играме напаѓачки фудбал, сакаме триумф над Купс

Омерагиќ: Ќе играме напаѓачки фудбал, сакаме триумф над Купс

Вардар утре во Скопје ќе го пречека финскиот Купс во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите, а напаѓачот Азер Омерагиќ ги сподели очекувањата пред дуелот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Омерагиќ истакна дека подготовките во Италија биле максимално искористени и дека тимот има силен мотив по подолг период повторно да настапува во квалификациите од најелитното европско натпреварување.

Тој нагласи дека Вардар ќе игра офанзивно и ќе се обиде да стигне до позитивен резултат на домашен терен.

„Го искористивме периодот во Италија на најдобар можен начин. Ова е голем мотив за сите нас, затоа што по долго време повторно играме квалификации во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да играме напаѓачки и да стигнеме до победа. Сега сме фокусирани на првиот натпревар дома и секогаш ќе го даваме максимумот“, изјави Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комо се обидува да му украде засилување на Интер

Комо испрати официјална понуда за израелскиот репрезентативец Анан Халаили од Ројал Унион …