Дома Фудбал Голман на Пелистер се пресели во Струга

Голман на Пелистер се пресели во Струга

Македонскиот прволигаш Струга продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на актуелниот освојувач на Купот е голманот Андреј Јовчевски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дваесет и двегодишниот чувар на мрежата пристигнува од Пелистер, клуб во кој ја мина целата досегашна кариера. По 56 настапи за сениорскиот тим на битолчани, Јовчевски се реши за нов предизвик и потпиша тригодишен договор со стружани.

Од клубот посочуваат дека младиот голман бил следен и од екипи од Албанија, Хрватска, Унгарија и Романија, но на крајот одлучил кариерата да ја продолжи во Струга.

Со неговото доаѓање, конкуренцијата меѓу стативите ќе биде уште поголема, бидејќи Јовчевски ќе се бори за местото прв голман со Васко Василев и Марко Анџелети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Халанд по победата над Бразил го откри новиот клуб на син му!?

Откако Норвешка го совлада Бразил и се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, п…